(ВИДЕО) Во Кина полета најголемиот во светот авион-амфибијаи започна прв тест летови

од desk4
106 прегледи

Најголемиот светски и кинески авион-амфибија наречен AG600 денес полета на својот првиот тест. Првиот лет беше емитуван од страна на CCTV.

Авионот полетал рано утринава од аеродромот во градот Чжухај во најјужната провинција Гуангдонг со проценка дека летот ќе трае еден час, за време на кој тој треба да издигне на височина од 3 илјади метри.

Авионот е придружен од други авиони во кои имало технички специјалисти. Овој авион од оваа класа е најголем во светот.

Наменет е да гаси пожари, да врши спасувачки работи на вода и да врши мониторинг на водната животна средина.

Авионот има четири турбоелисни мотори и може да собереа 12 тони вода за 20 секунди. Максималната маса е 53,5 тони, а распон на крилата изнесува 39 метри, максимална должина на летот е 4.500 километри.