Идната година во Русија ќе се одржат претседателски избори. Американците ќе одржат парламентарни. На избори ќе одат и во Италија, Словенија, БиХ и Унгарија. Германија ја чека формирање влада. Продолжуваат преговорите за Брегзит, а светот ќе одбележи 100-годишнина од крајот на Првата светска војна.

Најголем интерес предизвикуваат изборите во Русија што ќе се одржат кон крајот на мај. Што било освен победа на кандидатот Владимир Путин би било сензација.
Во САД во ноември се конгресни избори на кои републиканците на Доналд Трамп може да загубат мнозинство во двата дома. Демократите се надеваат дека ќе победат поради големото незадоволство од Трамп.
Во Словенија парламентарните избори ќе бидат најдоцна во јули, а според анкети – актуелниот премиер Миро Церар има слаби изгледи за втор мандат.
Во БиХ на 7 октомври ќе се бираат членови на претседателството, претставници во државниот и двата ентитетски парламента.
Во Италија и Унгарија ќе се гласа напролет на парламентарни избори. На Виктор Орбан, според анкети, му е загарантирана победа, но во Италија ќе биде многу неизвесно.
Во 2018 година и Чесите и Египќаните ќе бираат нови претседатели на државите. Ирачаните, Пакистанците и Авганистанците повикаа за нови парламенти. Бразилците, Мексиканците и Колумбијците ќе бираат претседатели и парламенти.
Раул Кастро најави заминување од власта на Куба во април, со што по 60 години би требало да заврши владеењето на браќата Кастро.
Во Германија 2018 година почнува со продолжување на преговорите за можна голема коалиција на ЦДУ/СДП. Ако нема договор двете големи партии одат на предвремени избори.
Во ЕУ продолжуваат преговорите за Брегзит. Влегуваат во втора фаза. За расправата за реформи во еврозоната ќе се почека на новата германска влада.
Со ЕУ претседава од 1 јануари Бугарија. Тие најавија фокус на Западен Балкан. Во втората половина од годината претседателството го презема Австрија.
Во 2018 година ќе се одбележат 100 години од завршувањето на Првата светска војна, првото претставување на Вилсоновите 14 точки и убиството на последниот руски цар. Ќе се одбележат и 50 години од Прашката пролет и убиството на Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди. Чесите и Словаците ќе прослават 25 години од независноста, Меѓународниот кривичен суд – 20 години постоење, а папата Франциско петгодишнина од понтификатот.
Национал, Хрватска