Сомалискиот огранок на Исламската држава објави видео порака во која што се упатени закани до сите кои што за време на новогодишните празници планираат да конзумираат алкохол.

На видеото кое што започнува со снимка од новогодишна прослава, сцени со шампањ и одбројувањето, на крајот после „еден“ наместо да се слушне „Среќна Нова година“, се слуша „Алаху Акбар“ и звуци од насилства по кои што Исламската држава е добро препознатлива.
Потоа се испраќа порака до сите припадници и симпатизери на Исламската држава и се повикуваат да биде искористена приликата, односно да бидат искористени новогодишните прослави и собири за Божиќ – за изведување на нови крвави терористички напади.
„Ова е порака за браќата кои што живеат меѓу „кафирите“ (“неверниците”). Зарем не ја чувствувате болката на муслиманските браќа кои што живеат во Ирак, Сирија, Јемен, Сомалија, Бурма и Палестина? Нашиот пророк кажа дека „кафирот“ и неговиот убиец никогаш нема да бидат заедно во пеколниот оган. Тоа значи дека убиството на „кафирот“ е вашиот билет за излез од пеколот“, стои во пораката на Исламската држава и се додава:
„На крајот, да знаете, Исламската држава ќе опстане. Ќе се бориме се додека не владее шеријат во целиот свет и овој црн натпис на кој што пишува дека нема друг Бог освен Алах“.
На видеото на сомалискиот огранок на Исламската држава било јасно нагласено дека треба да се убиваат Христијаните, а бил прикажан и Папата Франциско. Исламската држава бара од муслиманите да ги нападнат црквите „на Исток и Запад“.
https://www.youtube.com/watch?v=54lnAFiPYtw