ФЗОМ: Парите за купување автомобили се изгласани од претходниот состав, но не се искористени

од desk4
89 прегледи

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во врска со написот објавен на Плусинфо и Слободен Печат со наслов „Фондот за здравство сака две возила од по 60.000 евра?!“ информира:

„Во буџетот на Фондот за 2017 година, изгласан од претходниот состав на Управниот Одбор на Фондот, во ноември 2016, беа предвидени 4 милиони денари за набавка на нови возила за потребите на Фондот. Со ребалансот на буџетот за 2017 година, изгласан во ноември 2017 година, оваа ставка беше зголемена на 6 милиони денари.

 Меѓутоа, со одлука на менаџментот, овие средства не беа искористени, односно не е распишана постапка за јавна набавка на моторни возила. Вишокот на средства кои беа остварени од Фондот за 2017 година, со соодветна одлука на Управниот Одбор се пренаменети за потребите на јавните здравствени установи..

Дополнително, не постои ставка за набавка на возила во буџетот на Фондот за 2018 година. Истото може секој да го провери, бидејќи е транспарентно објавено на сајтот на Министерството за финансии, страна – 369 “.