Веге мусака

од desk2
338 прегледи

Еве еден лесен рецепт и за правење и за јадење.

Состојки:
350 г тиквички
300 г модри патлиџани
300 г домати
600 г моцарела
0.5 л павлака за готвење
1 жолчка
Приготвување:Тиквичките и модрите патлиџани исечете ги надолжно на пола сантиметри дебели парчиња, посолете. пропржете ги од двете страни и ставете ги на хартија да го впијат зејтинот.

Доматите исечете ги на тркалца и оставете ги да се исцедат.

Моцарелата изрендајте ја, павлаката и жолчката добро измешајте ги. Во намрсена тава за печење наизменично редете ги сите состојки и завршете со домати.

Прелијте со павлака и печете во рерна на 180°C околу 40 минути.