Самоа и Нов Зеланд влегоа во 2018, Сиднеј одбројува

од desk2
73 прегледи

Жителите на јужнопацифичките острови Самоа, Тонга и Кирибати во 11 часот по средноевропско време ја дочекаа 2018 година, а набрзо по нив на пладне по средноевропско време и Нов Зеланд со огномет над престолнината Окленд од кулата Скај висока 200 метри.

Во моментов, се подготвува и дочекот на 2018 во Сиднеј, Австралија. Огнометите веќе се почнати, а за нешто повеќе од еден час и жителите на Сиднеј ќе зачекорат во Новата Година.