Трагедија во Загреб: Маж се уби по долгочасовна опсада на полицијата

од desk2
110 прегледи

Од раните утрински часови траеше полициска опсада на семејна куќа во Загреб, каде еден маж се закануваше дека ќе се убие, а полицајците не успеаја да го одвратат од намерата. На крај, тој се уби, јави Indeks.

Полицајци со оружје од рано утрото беа околу куќата, ја блокираа улицата и се обидоа да преговараат со него и да го одвратат од намерата за самоубиство.

Преговарачите не успеаја да го натераат да се предаде.

Опсадата траеше со часови, а како што се дознава неофицијално, тој сепак извршил самоубиство. Загрепската полиција најави детали подоцна во текот на денот.