Австралија ја дочека Новата 2018 година. Централната свеченост е одржана во пристаништето во Сиднеј, како и претходните години со спектакуларен огномет.

Овој пат на прославата присуствуваа 1,6 милиони луѓе, додека огнометот секоја година го гледаат милијарди луѓе. Оваа година беше направен во боите на виножитото, со што Австралија ја прослави легализацијата на истополовите бракови. Огнометот е направен со најсовремена технологија.
Целата забава во Сиднеј чинеше седум милиони долари.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=4At8qRS5x30
Од австралиската плажа Териган беа евакуирани илјадници луѓе поради пожар што изби од пиротехнички средства за огномет. По пожарот, пиротехничките средства почнале неконтролирано да пукаат во луѓето. На местото се служби за итна помош, но нема информации за повредени.
Илјадници луѓе се забавуваа и на Sky Tower во Окленд, Нов Зеланд и заедно ги одбројуваа последните секунди од 2017 година. Огнометот во различни бои траеше пет минути.
The moment the barge of fireworks exploded at Terrigal pic.twitter.com/3MDm60XW3Y
— Pip Cleaves (@pipcleaves) December 31, 2017