(Видео) На традиционалното новогодишно капење во Риека загинаа двајца

од desk2
109 прегледи

На традиционалното новогодишно капење во морето кај Риека, Хрватска, две лица го загубија животот, а третиот е во критична состојба, додека повеќемина други се повредени.

До трагедијата дошло поради силното југо.

Јосип Поврженец, еден од организаторите на традиционалното капење објаснува што се случило.

„Од хотелот не предупредија дека ветрот е многу силен и да не влегуваме во морето. Но југо само што почна да слабее. Сеедно се договоривме заради лошите временски услови да не пливаме туку само да се соблечеме и да се држиме за раце во круг. Но, брановите беа пресилни и дојде до трагедија“, раскажа тој.

На капење се појавиле 15-тина луѓе.

На терен дошле спасувачките служби, пожарникари, итна помош и полиција.