(ВИДЕО) Првороденото бебе во Струмица е машко

од desk4
76 прегледи

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ноќеска го посети првото бебе родено на самиот почеток на Новата година во струмичката болница.

Му подари штедна книшка со 20 илјади денари и му посака да биде живо и здраво, да расте големо, среќно и весело, да биде вреден граѓанин на Општината и од мало да се научи да штеди. Бебето е машко, втора рожба на Сања Христова од селото Дабиле.
Градоначалникот Јаневски на мајката и посака многу здравје, лична и семејна среќа.