Американец не вратил возило на рент-а-кар во Скопје

од desk2
69 прегледи

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.К. (42) од Њујорк, САД, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.

Тој на 21 ноември 2017 година во 10.30 од приватно рент-а-кар претпријатие од Скопје изнајмил возило „мерцедес Е 220“ за период од 21 ноември до 10 часот на 24 ноември лани, при што како гаранција во договорот навел кредитна картичка „американ експрес“ со важност до јули 2021 година.

До 24 декември лани А.К. не го вратил возилото, со што се стекнал со противправна имотна корист од 3.100.000 денари.