Службите на „Паркинзи на Општина Центар“, собирајќи непрописно паркиран џип, утрово собориле две бандери и кабли во Дебар Маало.

Граѓаните реагираат дека им се во прекин врските. Очевидци за велат дека едната бандера е откорната од корен, а втората е искршена. „Сите кабли се искинати“, велат очевидци.
Според жителите на ова градско подрачје, немаат интернет-конекција и телефон, а напојување за струја добиле. Очевидците велат дека паркинзите на ПОЦ се преполни, а на Грaдски паркинг зјаат празни./A1on