
Првата дама на САД никогаш не ја остава јавноста да биде рамнодушна во однос на нејзиниот изглед. Мелани Трамп ја прослави Новата година во друштво на нејзиното семејство во приватна резиденција на Флорида.

За празничната ноќ таа избра гламурозен фустан, на кој доминираше розовата боја. Фустанот на себе имаше и мотиви со цвеќиња. Должината на фустанот одговараше на една пристојна претседателска сопруга – под колено.

Облеката е направена од дизајнер и цената ја надминува цифрата од над 5000 долари, велат модни критичари. Фановите на убавата прва дама на САД сепак имаа контрадикторни реакции за нејзината празнична визија. Некои ја критикуваа, тврдејќи дека фустанот изгледал како завеса за бања.

Други, пак, беа убедени дека она што ќе го носи Мелани Трамп секогаш ќе изгледа зачудувачки убаво.