Терористи на ИСИС со порака од Њујорк – „Ви се шетаме по дворот“

од desk2
96 прегледи

На социјалните мрежи се раширија слики од поддржувачи или припадници на ИСИС кои направиле селфи фотографии во близина на местото каде беа урнати Кулите Близначки од Светскиот трговски центар со порака до американските власти – „Ви се шетаме во вашиот двор“.

Овие селфи фотографии според безбедносните аналитичари од GIPEC, сајбер-разузнавачка компанија која следи терористички активности на социјалните мрежи, се направени со цел да се предизвика страв и параноја во Њујорк.

Исто така со ширењето на сликите на мобилни апликации како Telegram и останатите социјални мрежи се прават обиди да се мотивираат поддржувачи на ИСИС да извршат самостојни напади врз цивили како тој што се случи неодамна на Менхетен при што беа убиени 8 луѓе.