И Тито ќе се забрани на Фејсбук?

од desk2
74 прегледи

Урбана десница од Хрватска бара од Facebook да го забрани спомнувањето на Тито и Југославија.

Хрватското здружение Урбана десница бара Facebook да ги брише сите објави во кои се спомнува Јосип Броз Тито и Југославија.

Здружението на својата Facebook страна објави дека во последните неколку дена се во директен контакт со администрацијата на оваа социјална мрежа во Лондон, и дека се пожалиле на објави кои го спомнуваат Тито.

„Се работи за наша опширна пријава во која им пративме документи, написи од светски медиуми, документарен филм за убиствата извршени во име на Тито, кој е титлуван на англиски“, пишува во објавата.

Тврдат дека од Facebook им се заблагодариле и најавиле дека наскоро сите содржини во кои се велича Тито или Југославија ќе бидат автоматски избришани, а нивните промотори ќе бидат блокирани од Facebook.

„Кога ќе добиеме службена потврда на email за сврстување во алгоритам, ќе ве известиме. Тогаш секоја ваша пријава на содржина во која се велича злосторнички режим или Тито автоматски

е биде избришана“, велат хрватските десничари.

Седиштето на Урбани десничари се наоѓа во Сплит, а целта им е да „промовираат модерни, родољубиви вредности и култура на живот, и да спроведат лустрација“.