Левораките личности не биле добро третирани низ историјата, иако сочинуваат само 10 отсто од популацијата.

Во последните неколку децении поставувани многу теории за тоа зошто некои луѓе се левораки вклучувајќи го мислења дека тоа зависи од нивото на стрес кај мајките во бременост.
Истражувањата од 1980 година покажало дали ќе бидеме левораки или деснораки одредено е пред раѓање, ултразвучните прегледи укажуваат уште на осмата недела во бременоста. Веќе во 13 недела бебето почнува да го цица левиот или десниот палец.
Порано исто така се мислело дека генетската разлика помеѓу левата и десната хемисвера на мозокот одредува дали лицето подобро ќе се служи со левата или десната рака. Мѓутоа, студијата која е објавена минатата година се дошло до сознание дека одговорот можеби се крие во кичмената срж.
Екипа на научници од Универзитетот Бокум, во соработка со други универзитети од Холандија и Јужна Африка, откриле дека активноста на гените во кочмената срж биле асиметрична со оние во матката и би можело да биде тоа што ја одредува дали личноста дали ќе биде леворака или не.
Активноста на раката започнува во мозокот, во делот наречен моторен кортекс, кој испраќа сигнал на кичмената срж, која таа активност ја предводи во движење. Научниците откриле дека бебето, додека расте во матката, до 15 недела на бременост, моторниот кортекст и кичмената срж се уште не се поврзани, но веќе е предодредено со која рака ќе се служи.
Со други зборови, бебето може да прави движења и да ја одбере “омилената рака” и пред мозокот да го контролира телото.
Проучувајќи го ова, истражувачите ја анализирале експресијата на гените во кичмената срж од 8 до 12 недела на бременост. Пронашле значајни разлики во левиот и десниот дел дел на кочмената срж која ги контролира движењата на раката и ногата.
Разликата во експресија на гените може да влијае различно на левата и десната кичмена срж, што резултира во тоа некој да биде леворак или деснорак.