Тилерсон: Никогаш не сум се сомневал во менталното здравје на Трамп

од desk2
94 прегледи

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во интервју за CNN вели дека никогаш не го доведувал во прашање менталното здравје на претседателот на САД Доналд Трамп.

„Никогаш не сум го доведувал во прашање неговото ментално здравје. Немам причина тоа да го доведувам во прашање“, вели Тилерсон за CNN, демантирајќи ги наводите од контроверзната книга „Оган и бес: Во внатрешноста на Белата куќа на Трамп“, од авторот Мајк Волф, дека Тилерсон и уште некои високи функционери ги доведувале во прашање интелектуалните способности на американскиот претседател.

Тилерсон вели дека планира да остане на позиција државен секретар цела година, демантирајќи ги и наводите дека наскоро ќе се повлече.