„Нова Македонија“ на македонски јазик без превод е прифатливо за Грција !

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Нова Македонија, Северна или Горна  всушнот прашањето за името на Македонија  е главна тема во грчките медиуми.

Спорот за името го монополизира вниманието на јавноста во Грција. Можни имиња, евентуални конкретни предлози за решение, сценарија за договор, протест во Солун, внатрешно-политички несогласувања во Грција, ова се само дел од текстовите на грчките новинари, а прашањето за името, јавува дописникот на МИА од Атина

Телевизиите синоќешните централни вести ги отворија со спорот меѓу Македонија и Грција. Раздвиженоста  и закажаните активности од една страна и внатрешно – политичките препукувања во Грција од друга страна, сѐ уште го монополизираат вниманието на грчката јавност.

Во неделните изданија на грчките весници (кои вонредно излегоа денес поради празникот Водици во Грција) долгогодишниот спор меѓу двете земји се најде на насловните страници со опширни и детални анализи.

Македонија одамна не била централна тема во Грција, а грчките новинари, јавува дописникот на МИА од Атина, и во нивните прилози за телевизиите и во нивните анализи во весниците, се задржуваат на неколку точки:

– Можни имиња

Грчките медиуми, објавуваат евентуални предлози кои на 19 јануари би можеле да се најдат на преговарачката маса во Њујорк на средбата на Метју Нимиц со Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија – се дел од имињата кои во минатото биле доставени како предлози, што сега, ги споменуваат грчките новинари како можни предлози, но не ја исклучуваат можноста Нимиц да смисли ново сложено име. Нова Македонија, на македонски, без никаков превод, е името што според медиумите во Грција, и според дел од весниците и според дел од телевизиите е можното име за решение што преовладува во овој момент.

 Решение во 2018

Медиумите во Грција ја споменуваат изразената надеж и од грчкиот премиер и од владиниот портпарол дека во 2018 се отвора прозорец за можност за решение, а оттука произлегуваат и зголемените активности во односите Скопје –Атина.

  Раздвиженост во македонско грчките односи

Посетата на вицепремиерот Бујар Османи на Атина, закажана за вторник, 9 јануари и средбите со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговиот заменик Јоргос Катругалос; посетата на Скопје на генералниот секретар на НАТО;  новата рунда разговори на 19ти месецов во Њујорк под палката на медијаторот Метју Нимиц, како и можна средба на Заев и Ципрас во Давос на 23 јануари се настаните кои грчките медиуми ги наведуваат како засилена дипломатска активност за затворање на долгогодишниот спор за името.

Прашањето за името во Грција, на некој начин се претвори и во внатрешен проблем во земјата со секојдневни препукувања на релација власт – опозиција. Нова демократија континуирано бара од владината коалиција да излезе со заеднички и единствен став, а од владата ја обвинуваат опозициската партија дека зазема неодговорна позиција.