Скијачите престрашени од силниот ветар што ги нишаше на жичарница во Австрија

од desk2
117 прегледи

Бурата Еленор која со денови ја погаѓа Европа во австриското одморалиште Ворарлберг предизвика вистински неред. Скијачите на жичарницата доживеале вистински шок кога силен ветар одненадеж почнал да ги ниша додека се наоѓале високо во воздух.

На друга снимка прикажани се спасувачи како се обидуваат да им помогнат на скијачите додека околу нив беснее бура.

Посетителите на австриските и италијанските Алпи предупредени се на голема можност од лавини и неколку одморалишта останаа затворени поради невремето.

Еленор е четврта зимска бура која од декември ја погоди Европа. Најмалку шестмина загинаа од последици од невремето, вклучително и еден 21-годишен скијач врз кого падна дрво во Франција.

https://www.youtube.com/watch?v=DOGjae1X9JA