Беса ќе оди на конгрес, таму ќе се решава расколот по разрешувањето на лидерот

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Резултатите на локалните избори се причината за сериозниот раскол  во БЕСА.

 

Партијата денеска одржа два паралелни состанока на Централниот одбор – едниот во Тетово, другиот во Скопје. На состанокот на скопското крило на кое присуствуваа Зеќирја Ибрахими, Африм Гаши и Орхан Муртезани, кои тврдат дека го имаат мнозинството во одборот, беше донесена одлука за разрешување на Билал Касами од лидерската функција, објави Алсат-М.

“Денеска Централниот одбор на Двиежењето БЕСА, едногласно одлучи за разрешување на Билал Касами од функцијата претседател на Движењето БЕСА. Се разбира, за ова ќе бидат известени и правните органи и останатите институции.

Денеска, исто така е решено да се усвои и Деловник за организирање на Конгресот на БЕСА. За раководител на Комисијата за организирање на Конгресот е именуван пратеникот Неџбедин Карамани, истовремено и најстар член на Централниот одбор. Освен тоа, Централниот одбор реши Неџбедин Карамани, да биде и претставник на БЕСА и вршител на должноста претседател се до Конгресот “ – изјави Орхан Муртезани, БЕСА

 

Во тетово пак други точки и повторно одлука за конгрес. Централното Совет на Движење Беса денес донесе одлука за одржување на Конгресот и донесе правилник за организирање на првиот конгрес Централниот Совет на Движењето Беса на седница одржана денес во Тетово ги донесе следните одлуки:

*првиот конгрес на партијата ќе се одржи на 24.02.2018

*се формираше комисија за организирање на првиот конгрес и ќе биде составена од 7 членови.

*до одржување на првиот конгрес партијата ќе ја води досегашниот претседател Биљал Касами

Исто така Централнио Совет ја овластува Комисијата за организирање на конгресот да го набљлудува процесот на внатре партиски избори и целиот процес се до денот на одржувањена конгресот на партијата

На двата состанока на Централниот одбор беше упатен повик за организирање на првиот Конгрес на партијата. Синоќа од функцијата потпретседател на оваа партија оставка поднесе Зеќирја Ибрахими