Денеска во Париз се одржа комеморативна церемонија за жртвите на нападот на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“, на кој ќе присуствуваше и францускиот претседател, Емануел Макрон.

Три години се навршија од нападот врз француското сатирично издание „Шарли Ебдо“, а новинарите во редакцијата продолжуваат да живеат во страв, објавија француските медиуми.
Првото издание за годината доаѓа со карикатура со наслов „Три години во конзерва“. Имено, редакцијата е преместена на непозната локација, а новинарите и сатиричарите кои работат таму велат дека се како во бункер. Секако, околу нив има и вооружено обезбедување, што дополнително ги прави да се чувствуваат „како во конзерва“, како што самите велат.
Нападот на 7 јануари 2015 година уби 12 луѓе во списанието, од кои повеќето беа членови на уредничкиот тим.