
Обилни снежни врнежи блокираа илјадници автомобили, кои беа на автопат во Шпанија. Помеѓу 3.500 и 4.000 возила останаа на цела ноќ на автопатот. Силните снежни врнежи предизвикаа сообраќаен метеж од 70 километри. Стотици војници и пожарникари им помогаа на блокираните возила и патници, кои беа отсечени од светот поради снежни врнежи.

Во САД пред два дена жители на Масачусетс си помагаа да дојдат до замрзнатите автомобили, а сега им требаат чамци за да стигнат до нив. Десетици автомобили се најдоа во стапицата од дебел мраз во крајбрежниот предел на Масачусетс.

На минус 18 степени, дури и пожарникарите не можеа многу да помогнат при добиениот сигнал за пожар во Бостон.

Во Чикаго, надвор столбовите се претворија во ледени приврзоци созаканувачки пропорции. Властите предупредија дека на отворено замрзнувањето е можно само за 10 минути. Во Австралија термометри забележале 47,3 степени Целзиусови – ова е најтоплиот ден во последниве 79 години.

Шумските пожари на Викторија сè уште не се совладани.