Загрижувачки бројките на заболени од карцином на дебело црево за охридскиот регион

од desk4
71 прегледи

Се поголем е бројот на пациенти кои заболуваат од карцином на дебело црвео ифнормираат лекарите. Статистиката покажала поразителни бројки, и тенденција за пораст во иднина. Конкретно во Охридскиот регион бројките се 130 заболени пациенти во 2007, а 175 во 2016 година, информира ТВ24.

Со цел да се намали опасноста но и да  им се помогне на граѓаните  рано  да ја препознаат и откријат подмолната болест лекарите од центарот за јавно здравје со помош на министерството за здравство стартуваа бесплатна скрининг програма за граѓаните од  регионот. Тестирањата ќе се вршат во центарот за јавно здравје, со претходен упат од матичен лекар, а резултатите ќе бидат готови за половина час.

„Се работи за поп тестови коишто откриваат присуство на фемоглобин во изметот и тие тестови че бидат работени тука во микробиолошката лабораторија на центарот за јавно здравје Охрид и подрачните единици во Струга и Дебар.“ – вели Сашо Точков, директор Центар за јавно здравје Охрид.

Заболувањето карцином на дебело црево е на трето место на скалата на малигни заболувања  кај нас и во светот.Најчесто на удар е возрасната група над 50 години.

Ризичната група е од 55 до 64 години и е опфатена со скрининг програмата на министерство за здравство.

„Според анализата што е направена за овој период, се наоѓа на трето место според зачестеноста во нашиот регион Има пораст на маигните заболувања, затоа се и превентивните програми.“ – вели Слободанка Коцевска специјалист по социјална медицина.

За регионот Охрид, Струга, Вевчани, Центар Жупа, Дебар наменети се  900 бесплатни тестови за скрининг испитување.