Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако денеска пратениците од опозициската партија не се појавија на седницата на Собранието, изјави дека во моментот нема демократски амбиент за работа во Парламентот и затоа не учествуваат во неговата работа.

„Пет отсто од вкупниот број пратеници се во притвор за тероризам. Народниот правобранител констатираше дека при приведувањето на пратениците е повредено нивното право’, рече Мицкоски, појаснувајќи дека надлежните сториле кривично дело за противправно лишување од слобода, кога апселе пратеници со имунитет.
„Сето ова е доказ дека во Македонија имаме класичен политички прогон. Целата слика за недемократскиот амбиентво кој живееме дека десетици други оперски пејачи, актери, архитекти се во притвор за тероризам.
Власта е таа која има одговорност да ги одредеи проритети. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација одлучи да не учествува во работата на Парламентот“, рече Мицкоски.
Појасни дека кога ќе се создадат услови ќе ги поднесат законите за амнестија.
Тој рече дека ретко се среќаваат со координаторот на пратеничката група на СДСМ и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Сепак, работните групи за реформските процеси на ВМРО-ДОМНЕ и на владејачкото мнозинство се формирани и работат.
На новинарско прашање дали ќе учествуваат на средба во куќата на Жан Моне во Франција, тој рече дека немаат информации за таква средба за да донесат одлука дали ќе учествуваат.