По Османи денска и Димитров на нова средба со Коѕијас во Солун

од Vladimir Zorba
188 прегледи

 Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи синоќа во емисијата 24 Анализа изјави дека денеска нова  средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас најверојатно ќе се одржи во Грција.

Грчки медиуми шпекулираат дека средбата меѓу шефовите на дипломатиите најверојатно ќе се одржи во Солун, но засега потврда за ова нема од министерствата за надворешни работи на двете земји.

Македонското МНР потврди за МИА дека Димитров денеска  ќе се сретне со Коѕијас.

Разговорите ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.

Местото и времето на средбата не беа соопштени.

Средбата преку соопштение испратено до новинарите, јавува дописникот на МИА од Атина, ја соопштија и од грчкото МНР.

Но и официјална Атина, не открива детали, ниту каде нити во колку часот ќе се сретнат шефовите на двете дипломатии.