Упаднаа во продавниците на H&M поради „најкул мајмун во џунглата“ (ВИДЕО)

од desk2
87 прегледи

Членови на една опозициска јужноафриканска партија упаднаа во некои продавници на шведската модна компанија Хенес и Мориц (H&M) како знак на протест поради рекламна фотографија на која црно момче носи блуза со натпис „Најкул мајмун во џунглата“(Coolest monkey in the jungle).

Преку медиумите членовите на партијата Борци за економска слобода ги повикаа трговските центри да ја иселат шведската марка, иако од таму се извинија поради рекламата, но дури по реакциите на критиката дека рекламата е расистичка и неумесна.

Денешните снимки прикажуваат расфрлена облека во една продавница во Јужна Африка.
Локална телевизија пренесува дека лидерот на партијата, Џулиус Малма рекол дека не жали поради таа реакција.

Меѓу познатите кои реагираа на расистичката реклама се и кошаркарот Леброн Џејмс, раперот Диди и канадскиот пејач Викенд, додека американскиот рапер Џи-Изи ја откажа соработката со компанијата.

https://twitter.com/MakeSAsafe/status/952147715911311360