Една поинаква салата за зимските денови.

Состојки
300 гр пилешки стек
150 гр кашкавал
200 гр сирење
150 гр печеница
75 гр сусам
50 гр солени бадеми
50 гр ореви
100 гр солени кикиритки
200-250 гр мајонез
Најпрво се вари пилешкиот стек.
Потоа пилешкото, кашкавалот, сирењето и печеницата се сечкаат на мали коцкички и се мешаат во подлабок сад.
Сусамот на суво се потпекува и се додава во садот.
Јаткастите плодови крупно се мелат во сецко или пак ако немате, можат да се истолчат во најлонска кеса.
Се се меша и на крај се додава мајонезот, па се меша повторно уште еднаш убаво./Мои рецепти