Столтенберг во македонскиот парламент

од Vladimir Zorba
108 прегледи

 

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе дојдат за Столтенберг

Македонското Собрание во наредната недела  ќе одлучува за особено важни прашања, а тоа што му дава особено значење е обраќање пред пратениците на  генералниот секретар на НАТО Јанс Столнтенберг. МАкњдонија е главен аспирант за НАТО што с еочекува да се случи за време на самитот на НАТО во Јули оваа година, пради што оваа посета на Столтенберг е од исклучително значње и како поддршка и како пораки кои ке бидат упатени  во овој сложен геополитички момент на Балканот.

Иако опозицијата ја држи власта во  неизвесност, јасно е, оценуваат експерите, пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе дојдат за да го изслушаат ген секот на НАТО  Столтенберг, а како  пратениците од владејачкото мнозинство   ќе одлучуваат за понатамошен бојкот и  неучеството или за работата на пратениците во парламентот, е прашање на тактика на разединетата опозициска партија.

Столтенберг според агендата, во земјата ќе биде на 17  и на 18 јануари. Генералниот секретар ќе се обрати пред пратениците во четврток напладне.

Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде на днедвен ред исто така оваа недела во парламентот .

Датумот на носењето на Договорот со Бугарија во македонскиот Парламент се поклопува со презентацијата на Програмата и приоритети за работа на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јануари – јуни 2018 година од страна на бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Великов Петков.