Собранието треба да го ратификува Договорот со Бугарија

од Vladimir Zorba
88 прегледи

 Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија е на дневен ред на денешната 30. собраниската седница.

Предлогот кон крајот на минатиот месец помина на Комисијата за надворешна политика.

Договорот  беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, за  зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.

Бугарската вицепремиерка за правосудни реформи и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева  најави дека дека Договорот од бугарска страна  ќе биде ратификуван во Народно собрание во јануари.