Сообраќајот на државните патишта изутринава се одвива по влажни коловози во северните, западните и југозападните делови од државата, а на некои повисоки места наместа со мали остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат, соопшти АМСМ.
Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Страцин и на планинските премини Плетвар и Пресека. Овие врнежи во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година