Македонските судови го преземаат судењето за лажите пасоши на Грујевски и Бошковски

од Vladimir Zorba
73 прегледи

  Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија пред март годинава, но ќе им се суди во Македонија

Судскиот процес против ексначалникот на Петтата управа Горан Грујевски и соработникот од УБК Никола Бошкоски за фалсификуваните патни исправи, ќе биде даден во надлежност на македонските судови, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. 

Овој судски процес е закажан за во мај.

Но и покрај тоа, Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија пред март годинава, велат извори од Министерството за правда, а така пресметуваат и во Основниот суд Скопје 1, каде во среда треба да почне судскиот процес „Тврдина-Таргет“ на СЈО.

Според анализите, најмалку два месеца ќе трае жалбената постапка за политичкиот азил што го побараа Грујевски и Бошкоски, за кој треба на крајот да се изјасни Врховниот суд на Република Грција.