Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ рече дека делегацијата на Белград го напуштила дијалогот во Брисел и се враќаат дома поради убиството на Оливер Ивановиќ, лидер на Слобода, демократија , правда.

„Ова е злосторнички и терористички чин кој мора и ќе биде казнет“, изјави Ѓуриќ пред новинарите во Брисел.
Лидерот на граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ почина откако беше застрелан пред кацеларитјата во Косовоска Митровица, потврди неговиот адвокат.
Ивановиќ е погоден со четири куршуми во градите и во бесвесна состојба е префрлен во болницата во Косовска Митровица каде им подлегна на повредите.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност поради убиството во 12 часот.