Нимиц потврди дека терминот Македонија дефинитиино ќе биде дел од решение за името, не прецизирајќи која додавка ќе биде во игра.

Macedonian flag with Greek flag on a tree stump isolated
Нова рунда преговори, втори од нивното обновување, ќе се одржи денеска во Њујорк меѓу преговарачите на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.
Посредникот во преговорите за името ќе се состане со преговарачите во напорите да се пронајде решение за речиси тридеценискиот спор за името меѓу двете земји, кој е кочница за европската и евроатлантската интеграција на Македонија.
Специјалниот претставник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, пред денешната нова рунда разговори во Њујорк, во изјава за дописникот на МИА од САД оцени дека со зачестените средби на министрите за надворешни работи на двете земји, се создала позитивна атмосфера со помалку тензии и отсуство на критички коментари, па затоа на повидок е можно решение.
Последната средба помеѓу Никола Димитров и неговиот колега Никос Коѕијас се одржа минатата недела во Солун. Имаше добар разговор со фокус на унапредување на билатералните односи и соработка во поширок контекст, поврзан со тековните Мерки за градење доверба, соопштија македонското и грчкото МНР. Министрите тогаш изјавија дека од Нимиц очекуваат иницијална рамка со која ќе се оствари напредок во надминувањето на разликите околу името.
– Имам некои идеи кои двете страни треба да ги разгледаат. Сакам да помогнам со доближување на разликите во ставовите. Знаеме дека решението на овој тежок спор помеѓу два соседи бара доза на компромис кај двете страни, и верувам дека тоа ќе биде постигнато во согласност со дигнитетот и националните интереси на двете страни, изјави Нимиц.
Во изјава за Екатимерини, Нимиц вчера изјави дека терминот Македонија дефинитиино ќе биде дел од решение за името, не прецизирајќи која додавка ќе биде во игра.
Tерминот „Македонија“ ќе биде дел од предлозите за конечното решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција, изјавил медијаторот Метју Нимиц во интервју за грчката ТВ Антена 1. Оваа изјава на Нимиц предизвика бурна реакција кај грчките десничари и националисти кои велат дека терминот „Македонија“ не треба да биде дел од решението за името
Нимиц завчера пак во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ истакна дека сега нема да излезе со нов предлог за името, туку со предлог-идеи за кои веќе се диксутирало во минатото.
Тој оцени дека постои позитивен моментум во Скопје, додавајќи дека новата Влада е мошне заинтересирана да го реши спорот. Позитивна клима гледа и кај грчката страна.
Нимиц напомена дека постојат и други прашања освен името, како што се неговата употреба, но и прашањето за идентитетот, кое како што рече предизвивува голема загриженост во Македонија.
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас изминатите денови изјавија дека постојат можности да се најде решение за спорот во првата половина на 2018 година. Според најавите во маедиумите и во Грција и во Македонија, можна е средба на двајцата премиери на а Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија. Освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете земји Дмитров и Коѕијас.
За денеска по средбата е закажана и прес конференција во ОН во Њујорк