Откако ветрови со јачина на бура урнаа една ограда, од резерват за диви животни во близина на училиште во Рединг, на југот на Англија, побегна волк.

Полицијата го бара животното, а со оглед на тоа дека резерватот е во близина на училиште, за учениците им е забрането да излегуваат надвор, а граѓаните кои случајно ќе го видат волкот, да не му приоѓаат.
Полицијата соработува со вработените во резерватот во обид да го фатат избеганиот волк, еден од 10 кои живеат во резерватот.
Најмалку тројца загинаа во денешните инциденти кои се случија поради снежната бура која ја погоди Холандија и други европски држави. Во Брисел загина жена кога дрво и падна врз автомобилот, а во Белгија се повредени неколкумина.