Епл ќе плати 38 милијарди долари данок на враќање пари во САД

од Vladimir Zorba
95 прегледи

  Американскиот технолошки гигант Епл ќе плати околу 38 милијарди долари данок на враќање повеќе милијарди долари во САД и ќе потроши десетици милијарди долари за креирање нови работни места во државата како и изградба на нови центри во следните години.

Тие најавуваат капитално трошење од 30 милијари долари во САД во следните пет години и отворање 20.000 нови работни места во своите постоечки центри и во новиот кампус што планираат да го отворат.

Новите инвестиции и актуелната потрошувачка директно ќе придонесат за американската економија 350 милијарди долари, наведуваат од Епл.

Компанијата има околу 250 милијарди долари парични средства во странство, но благодарение на измените на даночните закони во САД, ќе бидат во можност тие средства да ги вратат во државата по пониски трошоци.

Епл е последната во низа компании што промовираат планови за вложување во САД по реформата на американскиот даночен систем со која стапката на корпоративен данок е намалена од 35 на 21 отсто.