Заканувачко писмо испратено до директорот на Драмски, Сашо Тасевски

од desk2
163 прегледи

Вчера во 12,30 часот, С.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден во 10,30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него.

Тасевски откако го отворил писмото забележал дека во истото има напишана порака со заканувачка содржина за него и други лица.

Пријавителот појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.