(ГАЛЕРИЈА) Новата кралска фризура на принцот Вилијам ги зачуди сите во Кралството

од desk4
157 прегледи

Престолонаследникот на англиската круна Вилијам ја заменил својата фризура.

Сопругот на Кејт Мидлтон многу ја потскратил косата.

Принцот конечно ја прифатил неговата ќелавост и сам го забрзал процесо, објавија светските медиуми. Вилијам се појави со својата нова фризура додека го посетил детскиот здравствен центар во Лондон во четвртокот.

Косата е скратена и главата е целосно гола. Новата фризура на наследникот на круната демонстрира решителност, смета познатиот фризер Џо Милс, цитиран од “Индипендент”. “Веќе долго време во медиумите се прават коментари за ќелавоста на принцот, со својата постапка тој покажа самодоверба”, коментира експертот.

Според неговите зборови, со својот нов стил на коса, Вилијам се чувствува поудобно и изгледа одлично. Можеби новиот изглед на принцот Вилијам ќе ги инспирира другите мажи, посочува фризерот.