
Адолф Хитлер е мојот кум, вели романскиот пензиониран Адолф Ернст Стајдлер. 70-годишниот маж рече дека го нашол својот крштален документ во германска архива. Фирерот се споменува во документот како кум на новороденото момче.
Според зборовите на Стајдел тој се родил во камп за етнички Германци на 25 април 1941 година во близина на градот Хоеншвангау на денешната германско-австриска граница.
Според пензионерот, водачот на Третиот рајх од 1933 до 1945 година ветил дека ќе стане кум на првото дете родено во кампот. “Тоа сум јас”, вели Стајдлер.
Тој додаде дека неговото семејство било дел од германското малцинство во Романија и дека по завршувањето на Втората светска војна се вратиле во својата татковина.
Мажот по падот на режимот на Николае Чаушеску (1989) станал државјанин на обединета Германија и поради новиот пасош добил пристап до потпишаниот од Хитлер акт за раѓање.
Германците во Романија на пописот во 1930 година билеа околу 786.000 (над 4% од населението). Во владеењето на Чаушеску, многу од нив се преселиле во Германија, а до денес Германците се околу 60.000 (0.4%). Еден од нив е и претседателот Клаус Јоахис.