„Социетас цивилис„: Законот за употреба на јазиците да се даде пред Венецијанската комисија

од desk4
92 прегледи


Институтот за демократија „Социетас цивилис“ испрати реакција по повод Законот за употреба на јазиците

„Социетас цивилис“ ги поздравува сите заложби за унапредување на употребата на јазиците на заедниците.

„Во таа насока, ја  повикуваме Владата Законот за употреба на јазиците да се даде на мислење на Венецијанската комисија и нејзините забелешки да се вградат во текстот на
законот како што е предвидено во Планот 3-6-9.
Потсетуваме дека од 2001 година, Уставот на Република Македонија предвидува
употреба на албанскиот јазик на централно ниво, во јасно одредени сфери на
употреба. Сметаме дека е особено важно државата да посвети внимание на
имплементацијата на јазичните права и сметаме дека овој закон треба да ја има
таа функција. Воедно, укажуваме и дека при носење на законот е потребна поголема
транспарентност и јавна дебата, принципи за кои јасно се залага оваа Влада и
Собранието. Во таа насока, упатуваме апел до пратениците во Собранието да ја
искористат можноста за повторно разгледување на законот и да ги отстранат
евентуалните недостатоци со вклучување на стручната јавност во дискусијата, со
што воедно ќе се намали и можноста за манипулација со јавноста„ се вели во реакцијата на Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје.