Започна истрага за смртта на Долорес О’Роирдан од The Cranberries!

од desk4
105 прегледи

Британскиот судски лекар ги очекува резултатите од истражувањето што ќе ја одредат причината за смртта на пејачката Долорес О’Роирдан од The ​​Cranberries.

Истрагата за причините за смртта официјално започна на 19-ти јануари. Безживотното тело на O’Роирдан беше пронајдено во лондонска хотелска соба на почетокот на неделата и беше прогласена за мртва на самото место на настанот.

Направена е аутопсија и “судот ги очекува резултатите од различни тестови кои се нарачани” вели Стивен Ерл од судот во Вестминстер. Полицијата не смета дека смртта на пејачката е сомнителна.

Ова значи дека не е пронајден сомнителен доказ. Групата The Cranberries стана светски позната во 1990-тите со хитови како “Zombie” и “Linger”.

Во 1996 година, Долорес О’Роирдан ја одложи турнеја на групата, амотиви за ова беа исцрпеност и недостиг на креативна инспирација и разочарување. Таа ја напушти “Cranberries” во 2003 година и сними две соло албуми пред повторно обединување на бендот во 2009 година.

The Cranberries е втората најдобра ирска група по U2. Минатата година таа ги откажа концертите во Северна Америка и Европа, бидејќи Долорес О’Риордан страдаше од проблеми со грбот.