Ракометарите ниту вечерва нема да бидат сами на дуелот против Вараждин, напротив, поддршката од трибините ќе биде огромна, пренесува Спорт1.

Вараждин е веќе обоен во црвено-жолто, а контингент од неколку автобуси од Загреб со македонски навивачи се очекува допрва да пристигне во градот каде што се игра втората фаза од ЕП, а каде што се веќе пристигнати голем број навивачи од многу градови од нашата држава.
Видео – Спорт1