
Стотици се собраа во црквата “Свети Јосиф” во ирскиот град Лимерик, за да се простат од пејачката на рок бендот The Cranberries Долорес О’Риордан.

46-годишната пејачка почина одеднаш во хотелска соба во Лондон на почетокот на оваа недела. Храмот се покажа мал за да ги собере сите оние кои сакаа да се простат од пејачката и пред вратите имаше огромни редици.


Погребот на Долорес О’Риордан ќе биде на 23 јануари во родното нејзино село Балибрикн во округот Лимерик, југозападна Ирска. На погребната церемонија ќе присуствуваат роднини и пријатели на пејачката