За нешто помалку од два месеца љубителите на култната хероина на видеогрите Лара Крофт ќе имаат прилика да го погледнат новиот филм во кој главната улога ја игра Алиција Викандер.

Објавен е нов трејлер кој прикажува нова возбудлива авантура на Лара Крофт на островот каде татко и исчезнал.
Лара повторно се бори со бесни мажи, за малку умира давејќи де и паѓа од голема височина.
“Tomb Raider” е оживување на франшизата која ја започна Анџелина Џоли. Во оваа верзија, Лара ја истражува смртта на својот татко кој и оставил порака. На пат кон мистриозната гробница која се вика „Мајка на смртта“ незјиниот брод потонува, а таа останува на островот со голем број налтени жители.
Режисери на филмот се Роар Утауг и Греам Кинг. Премиерата на филмот во кината ширум светот ќе биде на 16 март оваа година.