ЦИА: Северна Кореја на неколку месеци од можноста за напад врз САД

од desk2
98 прегледи

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Мајк Помпео предупреди дека најновиот извештај покажува дека Северна Кореја ја делат само неколку месеци од можноста да ги нападна САД со нуклеарно оружје.

– Програмата за нуклеарно вооружување на Северна Кореја продолжува да се шири, унапредува, станува помоќна, поспособна и посигурна – изјави Помпео за Си-би-ес.

Тој одговарајќи на прашањето колку време ќе помине додека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун би можел да ги погоди САД, изјави „неколку месеци“.

„Њујорк пост“ забележува дека Помпео слично прогнозирал и во октомври минатата година, што може да навестува дека Пјонгјанг всушност не напредувал многу од есента 2017 година.