Денот носи суво и студено време со северен ветер

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од еден до осум степени.

Во Скопје слично време со температура до шест степени.

Според УХРМ, следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Во четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.