Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. 
Температурата ќе се движи од минус еден до осум степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до пет степени.
Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток кон викендот ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини.