
Селена Гомез продолжува да го освојува модерниот Олимп. Во ноември минатата година таа стана лице на спортска марка и неодамна се појави во рекламната кампања на новата колекција.
За време на снимањето 25-годишната пејачка покажа не само облека, туку и прекрасна секси фигура, која е доказ дека Селена е многу погодна за рекламирање на спортска облека.

Како што велат претставници на брендот, флексибилноста и формата на Селена одлично го пренесуваат духот на колекцијата, а храброста и е одраз на основната смисла на кампањата.

“Со неа никогаш не е здодевно и секогаш е различно”, коментираа претставници на брендот. Што се однесува до самата колекција – таа е прилично воздржана и стилски е погодна за гардероба на секоја девојка која не е рамнодушна кон модата.