Oва е куќата на Никола и Доменика Проески каде пред 37 години се слушнал првиот плач на втората радост на семејството. Во 11 часот и 15 минути стигнала радосната вест – Се родил Тоше. Овде низ калдрмата на Крушево Тоше чекорел полека но сигурно низ светската патека, информира ТВ24.

Денеска низ тесните сокаци одекнуваше неговото музичко творештво. Еден од неговите најрани другари се уште не може да се помири со фактот дека Тоше го нема. Вели времето минува но не и болката. Празнината од ден во ден станува се поголема. Разочаран е што за најголемата балканска ѕвезда јавноста се поретко се сеќава.
„Критика до сите медиуми, зошто доаѓаат тука само на два датуми. Зошто поретко се пушта Тоше на медиумите, само кога има годишнина од роденденот и смртта.“ – вели Стерули Штерјоски, другар на Тоше Проески.
Ова се стуховите кои емитовно ја допираат Тарја Илиќ која специјално допатува од Словенија. Вели лично не го познавала, но чувствува голема празнина за прерано згаснатиот живот на македонската ѕвезда.
Градоначалникот на Крушево Томе Хртистоски вети дека по 11 години конечно ќе се изгради достоинствено вечно почивалиште за музичката ѕвезда. Директорката на спомнен домот на Тоше Проески вели дека годишно има илјадници посетители, обожаватели и пријатели на неговото дело и музика.
Крушево жали бидејќи ја изгуби најголемата музичка ѕвезда, голем човек и пријател, хуманист и секогаш насмеан лик кој имаше добар збор за секого, а најмногу за своето родно огниште.
Тоше Проески загина пред 11 години кај Нова Градишка, но и денеска силно се чувствува неговата енергија и творештво. Зад себе остави стотици песни кои ги рушат рекордите на топ листите. Кариерата ја почна на прилепскиот фестивал Мелфест, а потоа со светлосна брзина се проби на македонската и странската музичка сцена.
Неговиот последен концерт беше одржан на 5 октомвр во 2007 година на градскиот стадион во Скопје кога повеќе од повеќе од 40.000 посетители во еден глас ги пееја неговите песни.