Мајка од скопска Гинекологија зела погрешно бебе

од desk4
115 прегледи

Пред два дена мајка земала погрешно бебе на скопска Гинекологија, дознава Фокус. Целата збрка била решена за 15-тина минути, откако мајката се извинила за грешката.

Како што дознава Фокус, кога сестрата ја прашала мајката за бројот на бебето, мајката дала погрешни информации и земала бебе кое не е нејзино.

За среќа, за брзо време грешката била увидена и поправена.

Од Гинекологија за Фокус ја потрвдија случката.