Копнените системи на противракетна одбрана не се во состојба да ги одбрант САД од потенцијалниот масовен нуклеарен напад, изјави конгресменкаѕа Елис Стефаник.

Според неа, Америка се соочува со се поголема опасност од нуклеарен напад, а не се само Северна Кореја и Иран главни заканувачи, туку и Русија и Кина.
„За да го зголемат своето геополитичко влијание, тие земји ни фрлаат предизвик на сите фронтови и директно ја загрозуваат националната безбедност“, вели таа и потсетува дека од 18 тестирања на противракетниот штит само 10 биле узпешни, иако ние еден тест не е теализиран во услови на имитација на реален напад.
„За уништување на една непријателска мета се користат четири пресретнувачи, што е многу лоши во случај непријателот заедно со ракетите да лансира и мамци кои би ги приморале нашите ракети да ги следат, и тоа залудно“, вели таа.
Предупреди и дека системите за противркатна одбрана се наоѓаат на Алјаска и во Калифорнија, што значи дека источниот брег на САД практично е небранет.
„За да се смени ситуацијата, нопходно е да се размести дел од противракетниот штит и во Форд Драм, недалеку од Њујорк“, заклучи конгресменката, пренесува Спутник.